Собир на граѓани може да се свика за подрачјето на целата општина или за подрачјето на месната самоуправа.
Собирот на граѓани го свикува градоначалникот на општината по сопствена иницијатива, на барање на советот или на барање од најмалку 10% од избирачите од општината, односно на месната самоуправа на која се однесува определеното прашање.
Органите на општината се должни во рок од 90 дена да ги разгледаат заклучоците донесени на собирот на граѓани и да ги земат предвид при одлучувањето и донесувањето мерки по прашањата на кои се однесуваат, како и да ги информираат граѓаните за своите одлуки.
Kористиме колачиња за да осигуриме дека ви го даваме најдоброто искуство на нашата веб-страница. Доколку продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа.