Средба на градоначалникот Илија Јованоски со претставници на здружението на пчелари „Братство

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, денеска во својот кабинет оствари средба со претставници на здружението на пчелари „Братство“. На средбата стана збор за активностите кои во својата програма ги има предвидено ова здружение како и соработката која ја имаат со Општина Прилеп. Преставниците од здружението на пчелари „Братство“  на градоначалникот Илија Јованоски во знак на благодарност за досегашната соработка му врачија благодарница.