Се одобрува Проектна програма

Градоначалникот на Општина Прилеп, решавајќи по предлогот за одобрување на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за изработка на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за комплекс со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, Г2.3 – млинови, дробилици, отпади за метал со преси, со број 10-1783/2 од 18.08.2022 година од Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Прилеп, со Решение бр.08-2694/1 од 18.08.2022 година, а врз основа на член 62 став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр. 32/20), го издава следното:

 РЕШЕНИЕ

Се одобрува Проектна програма, поднесена со барање број 10-1783/1 од 29.06.2022 година и број на постапка 44175, за изработка на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за комплекс со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, Г2.3 – млинови, дробилици, отпади за метал со преси

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Барателот Друштво за производство, градежништво и трговија ИЗОФАС ДОО Прилеп, до Комисијата за урбанизам на Општина Прилеп, формирана согласно со Решение бр.08-2694/1 од 18.08.2022 година, поднесе барање број 10-1783/1 од 29.06.2022 година и број на постапка 44175 за одобрување на Проектна програма за УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за комплекс со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, Г2.3 – млинови, дробилици, отпади за метал со преси.

 

Со барањето ја приложи следната документација и докази:

  1. ПРОЕКТНА ПРОГРАМА

(заедно со пропратна документација согласно Законот за урбанистичко планирање)

 

Изработувачот на проектната документација изработи Проектна програма за израбнотка на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за комплекс со намена Г2 – лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија, Г2.3 – млинови, дробилици, отпади за метал со преси, и преку Комисијата за урбанизам ја достави до Градоначалникот со предлог за одобрување.

Градоначалникот на Општина Прилеп по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр.32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 62 став 3 од Законот за  урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.

ПРАВНА ПОУКА:

Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

Предлог за одобрување – Г2.3 – млинови дробилици оптад за метал – Даскало

решение за одобрување на ПП од градоначалник -Даскало

УП вон опфат на план – Г2.3 – топад за метал со преси-Даскалоски