Се одобрува ПЛАНСКА ПРОГРАМА

Градоначалникот на Општина Прилеп, решавајќи по предлогот за одобрување на ПЛАНСКА ПРОГРАМА за изработка на Урбанистички план вон населено место со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фотонапонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 341 и КП 347 КО Ново Лагово, општина Прилеп, од Комисијата за урбанизам на Општина Прилеп, формирана со Решение бр.08-2694/1 од 18.08.2022 година, со број 10-2143/2 од 18.08.2022 го издава следното:

 РЕШЕНИЕ

Се одобрува ПЛАНСКА ПРОГРАМА, поднесена со барање број 10-2143/1 од 28.06.2022 година, за изработка на Урбанистички план вон населено место со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фотонапонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 341 и КП 347 КО Ново Лагово, општина Прилеп.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Барателот Друштво за проектирање, трговија и инженеринг УРБАН ПРОЕКТИНГ ДООЕЛ Велес до Комисијата за урбанизам формирана со Решение бр.08-2694/1 од 18.08.2022 година од страна Градоначалникот на Општина Прилеп поднесе барање за одобрување на ПЛАНСКА ПРОГРАМА, со број 10-2143/1 од 17.08.2022 година, за изработка на Урбанистички план вон населено место со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фотонапонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 341 и КП 347 КО Ново Лагово, општина Прилеп.

 

Со барањето ја приложи следната документација и докази:

  1. ПЛАНСКА ПРОГРАМА (ПДФ и DWG формат) со тех.бр.02/22 од јули 2022
  2. ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ ЗА ГЕОДЕТСКИ РАБОТИ ЗА ПОСЕБНИ НАМЕНИ ЗА АЖУРИРАНА ГЕОДЕТСКА ПОДЛОГА КО Ново Лагово КП343 и 344 со дел.бр. 0801-8/3 од 01.02022г.
  3. БАРАЊЕ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ПЛАНСКА ПРОГРАМА

Изработувачот на планската документација изработи Планска програма за изработка на Урбанистички план вон населено место со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фотонапонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 341 и КП 347 КО Ново Лагово, општина Прилеп, и преку Комисијата за урбанизам ја достави до Градоначалникот со предлог за одобрување.

Градоначалникот на Општина Прилеп по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр.32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 44 став 7 од Законот за  урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот на ова решение.

 

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:

Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

Предлог за одобрување НЛагово 341 и 347

решение за одобрување на ПП од градоначалник Ново Лагово 341 и 347

УПВНМ – урбан проектинг КП341-347