Реакција на Општина Прилеп на пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп

Во моментите кога евроатлантските перспективи на нашата држава стануваат
реалност и кога актуелната Влада води политика на градење добрососедски
односи со земјите кои не’ опкружуваат, жално е да се види како вашата партија
свесно манипулира со членовите на Унијата на млади сили.

ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 11 години ги партизираше сите државни институции
и која “работеше“ на иселување на младите од државата, дури и денес кога
Владата на СДСМ и коалицијата создаваат услови за отворање нови работни
места и задржување на младите во Македонија, не престанува со злоупотребите и
манипулациите на најмладите.

Добро е што покажувате интерес за состојбите во здравството, но ќе беше чесно
од вас, на членовите на вашиот подмладок да им ја соопштите вистинската
адреса на која треба да се обратат. Наместо причините за погубните политики на
партијата на бегалецот Груевски да ги бараат пред општинската зграда, тоа
требаше да го направат кај претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Петар
Ристески. Впрочем, за раководењето на Ристески со прилепската болница „Борка
Талески“ и за кадровската политика која тој ја водеше во областа на здравството,
сведочат тонските записи за кои сведок беше пошироката јавност.

Општина Прилеп и следната година ќе работи на подобрување на условите за
живот на своите сограѓани, без разлика на нивната партиска, етничка и друга
припадност.

Со почит,
Општина Прилеп