Работилници за бездомни кучиња со познат светски предавач

Британскиот експерт Брајан Фолкнер е во тридневна посета на Прилеп и на јавното претпријатие „Комуналец“ во чии рамки е отворено прифатилиште за бездомни кучиња. Прилеп е еден од ретките градови каде има организирано уредно прифатилиште за бездомни кучиња, согласно стандардите за изградба на ваков објект. Посетата на британскиот експерт е во рамките на соработката на Агенцијата за храна и ветеринарство со  RSPCA, Кралско здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија.

 

Експертот од RSPCA, Фолкнер оствари средба  со в.д. директорот на јавното претпријатие „Комуналец“, Ирена Станкоска која го пренесе досегашното искуство за работата и функционирањето на прифатилиштето за бездомни кучиња.

Фолкнер, како што информираат од јавното претпријатие „Комуналец“  истакна дека Прилеп е еден од ретките градови  каде има организирано  уредно прифатлиште, согласно стандардите за изградба на објекти од ваков карактер со  квалификуван кадар.

Во рамките на посетата планирани се три работилници за практично заловување на куче и неговиот пат во прифатилиштето: чипирање, земање на крв за тест Лајшманија, дехелминтизацијa, кастрација/стерилизација, вакцинација и обележување со ушна маркица како и презентација и обука за правилно заловување на куче со најнова, модерна и паметна опрема која што прифатилиштето ја има набавено.

На  работилниците ќе  учествуваат претставници од повеќе градови: Штип, Демир Хисар, Гостивар, Кичево, Велес, Охрид и Куманово  од што ќе произлезат предлои и заклучоци за решавање на проблемот со бездомните кучиња.