ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПАНДЕМИЈА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД COVID-19 (КОРОНА ВИРУС) НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Член 1

Се прифаќаат сите препораки, укажувања и мерки од страна на Министерството за здравство по основ на превенција од COVID-19(Корона вирус) за заштита од пандемија на населението на територија на општина Прилеп.

Член 2

Се носат следните локални мерки и препораки за заштита од пандемија на населението COVID-19(Корона вирус) на територија на општина Прилеп:

  1. Времено се затвораат приемното одделение и одделението за администрирање на даноци при ЕЛС Општина Прилеп, за прием и услуги на странки. Своите потреби, информации и прашања граѓаните ќе можат да ги реализираат на следните начини:

– Со јавување директно во приемното одделение +389/48-401720 и одделението за администратирање на даноци +389/048-540-001, +389/048-540-002 и +389/048-540-003, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 часот;

– Преку праќање на е-маил на следната електронска пошта: prilep@prilep.gov.mk

– Преку официјалната веб страна на ЕЛС Општина Прилеп – www.prilep.gov.mk

Службите на ЕЛС Општина Прилеп се ставени во функција да им излезат во пресрет на сите граѓани, да ги информираат за начинот на достава, начинот на поднесување на барања и слични документи преку горенаведените начини за комуникација.

  1. Да се изврши дезинфекција на автобусите од јавниот градски превоз. Во зависност од потребата, дезинфекцијата да се врши повеќекратно во текот на денот.
  2. Да се редуцира јавниот градски превоз и да се користи само во итни и неодложни случаи.
  3. Да се изврши дезинфекција на градинките, основните и средните училишта, како и дневните центри согласно препораките од Министерство за здравство и Министерство за образование и наука.
  4. Се забранува организирање на локални настани, јавни собири, културни манифестации, промоции, панаѓури, саеми, спортски настани и слично на локално ниво, се’ до моментот на изрекување на нови мерки и препораки од страна на Министерство за здравство.
  5. Согласно препораките на Министерство за здравство, барањата за активниот јавен повик за субвенционирање на инвертор клима уреди и велосипеди, во овој временски период се доставува исклучиво по пошта со назнака „ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ИНВЕРТОР КЛИМА УРЕД” / „ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИ”. Секое пратено барање по пошта службата за архивирање при ЕЛС Општина Прилеп се обврзува да го архивира по редослед како што е добиено од службите на Македонска Пошта, заклучно со денот на испраќање.

Граѓаните кои го искористиле јавниот повик и испратиле барања по пошта, со јавување на телефонскиот број +389/048-401-720 или по пат на испраќање електронска пошта на официјалната е-маил адресата на Општина Прилеп – prilep@prilep.gov.mk   ќе можат да се информираат за архивскиот број на барањето секој работен ден од 8-16 часот.

Оваа мерка стапува на сила на ден 12.03.2020 и ќе трае се’ до добивање на понатамошни инструкции и препораки од Министерство за здравство.

Член 3

Поради итност, Одлуката стапува на сила веднаш.

Во продолжение е апел до граѓаните, од градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски:

1. Се апелира до сите граѓани да го намалат движењето во институциите, освен за итни и неодложни работи.

2. Се апелира до сите граѓани на општина Прилеп, движењето надвор од своите домови да го сведат на минимум, единствено за неодложни и итни потреби. Особено да се избегнува посета на угостителски објекти, паркови, отворени и затворени простори со капацитет за собирање на поголема група на луѓе.

3. Упатуваме апел до граѓаните на општина Прилеп, информациите поврзани со новонастанатата ситуација со COVID-19 (корона вирус) да се црпат исклучиво од Министерството за здравство, поради тоа што лажни информации креираат паника меѓу населението.

4. На сите лица кои биле надвор од територијата на Република Северна Македонија и на граѓаните кои се сомневаат дека имаат симптоми на корона вирус, им се препорачува да се јават на следните броеви:

Центар за јавно здравје – Прилеп: +38976475747

Повикувачки центар „Ало докторе“: 02-15-123