Пожар од посериозни размери го зафати пределот околу село Дабница

Пределот околу селото Дабница во моментов е зафатен од пожат од поголеми размери.

Екипи на Територијалната противпожарна единица од Прилеп се излезени на теренот зафатен со пожар, каде интервенираат  со две возила и десетина пожарникари. Пожарникарите прават напори да го спречат ширењето на пожарот и опасноста да ги зафати куќите во село Дабница.

Слободан Момироски, водач на група и заменик командир на смена, вели дека боровата шума која се наоѓала лево од селото е веќе изгорена. Секој момент очекуваат помош во техника и персонал и од шумската полиција.

Противпожарната служба апелира до граѓаните од општина Прилеп кои имаат куќи и викендици во село Дабница, да се упатат кон селото со цел да помогнат во справувањето со стихијата и зачувување на нивниот имот.