Здружение на граѓани Центар за развој и едукација од Град Прилеп, има потреба од спроведување на верификувана обука за сертифицирање на 40 негуватели за давање на социјалната услуга: Помош и нега во домот.
Услови за спроведување на обуката:
- Датум на започнување: Oбуката потребно е да започне да се реализира во текот на месец март 2023 година;
- Програма: Обуката потребно е да се одвива согласно верификувана програма за образование на возрасни;
- Место на одржување: Обуката потребно е да се реализира на подрачјето на Општина Прилеп;
- Сертификат: По завршување на обуката на учесниците да им се издаде сертификат: „ Негувател/-ка за помош и нега во домот” .
Потребни квалификации на Давателот на обуката:
- да биде лиценциран за вршење дејност од областа образование на возрасни за давање на социјална услуга Помош и нега во домот;
- да не постои судир на интереси со Давателот на услугата (појаснување: Давателот на услуга нема да биде подобен за добивање на финансиски средства во рамките на договорот за грант за финансирање на обуката, доколку истиот се јави и во улога на Давател на обуката)
Заинтересираните понудувачи, потребно е со понудата да ја достават следната документација:
- Пријава – Формулар за пријава за верификуван спроведувач на обука;
- Решение за верификација на посебна програма за образование на возрасни;
- Решение за лиценцирање за вршење дејност од областа образование на возрасни;
- Изјава дека понудувачот нема судир на интереси со Давателот на услугата.
За најповолна ќе биде избрана онаа понуда која ги исполнува погоренаведените барања и квалификации, а воедно понудувачот има понудено најниска евалуирана цена.
Сите дополнителни појаснувања може да се добијат на следната електронска адреса: cre.prilep@gmail.com.
Понудите се доставуваат во електронска форма на е-поштата на Давателот на услуга: cre.prilep@gmail.com, со назнака: Понуда за спроведување на обука за негуватели за помош и нега во домот.
Краен рок за доставување на понудите е 01.02.2023 година.
Линк до огласот:
https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/international-donor-announcements