Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за ДУП за блок 3.11

         Врз основа на чл. 65 став (6) од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13 и 187/13, 42/14, 44/15,129/15,192/15, 39/16, 28/18, 65/18 и 99/18), Градоначалникот на Општина Прилеп, донесе:

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за детален урбанистички план за блок 3.11

               За планскиот документ детален урбанистички план за блок 3.11, формиран со  ГУП на град Прилеп , Општина Прилеп, што се носи согласно Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Прилеп за 2018 година , не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието на животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.

Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на  стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Прилеп, http://www.prilep.gov.mk.

Согласно критериумите за тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од чл.65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, донесувањето на планскиот документ детален урбанистички план за блок 3.11, формиран со  ГУП на град Прилеп за четврт 3, блок 3.11, Општина Прилеп,  нема да има влијание врз животната средина од следните причини:

  • Овој плански документ се носи врз основа на ГУП за град Прилеп, донесен со одлука бр. 07-2588/5 од 28.12.2015г. за кој е спроведена стратегиска оцена за влијание врз животната средина и е дадено позитивно мислење за обимот и содржината на Извештајот за стратегиска оцена бр. 08-2743/4 од 29.04.2011г. според кое не постојат основни индикации дека би можело да има значително влијание врз животната средина и на просторот во непосредната околина. Опфатот на предметниот ДУП се наоѓа во опфатот на горенаведениот ГУП.

Против оваа Одлука може да се поднесе жалба преку овој орган  до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вржење на работите од областа на заштита на  животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.

Одлука за ДУП3.11

Одлука за неспроведување на СЕА.3.11doc

Формулар за ДУП3.11