Нови инвестиции во СОУ „Ѓорче Петров“

Преку реконструкција на училници, создавање на поволна клима за настава, реализација и учество во голем број проекти, СОУ „Ѓорче Петров“ продолжува да инвестира во подобрување на условите за изведување и следење на наставата.

„Со помош на локалната самоуправа обезбедивме соодветни услови и нагледни средства, со цел поефикасно спроведување на воспитно -образовниот процес. Обезбедени се ‘паметни’ табли, нови бели табли со современи фломастери, променет е и амбиентот во училниците. Преку активности на учениците, нивни достигнувања на многуте настани во кои учествуваат, нивната вклученост во многу меѓународни проекти, добиваме големи искуства. Нашето училиште е познато и по иновативната идеа ‘Мултифункционална клупа на соларна енергија’. Но ние не застануваме тука, работиме на едукација и на наставниот стручен кадар, ги развиваме струките, изнајдуваме нови методи“, посочи Страшо Ѓорѓиоски, директор на СОУ „Ѓорче Петров“.