Непознат сторител малтретирал кучиња

Во текот на вчерашниот ден, на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“, непознат сторител мачел и тепал 3 кучиња скитници. За случајот се информирани надлежните институции, кои работат на негово расчистување.

Општина Прилеп апелира до граѓаните, доколку забележат вакви или слични немили настани, да поднесат пријава до Полициската станица од општа надлежност – Прилеп.