ЈКП „Комуналец“ активно работи на расчистување на дивите депони

Од 7.февруари, екипи на ЈКП „Комуналец“ работат на расчистување на дивите
депонии од градското подрачје. Во изминатите петнаесетина денови, исчистени се
депониите во населбата Бончејца, а во тек се работите на уредување на
населбите Тризла и Точила.

Со помош на механизација и вработени од ЈП „Прилепско поле“ и КН „Елмонт“,
денеска се чистеше просторот околу ООУ „Гоце Делчев“

„Би ги замолила граѓаните, доколку го сакаме Прилеп, да се однесувамеодговорно, бидејќи Прилеп треба да им го оставиме на идните генерации. Ги замолувам граѓаните кои имаат смет, да се јават во „Комуналец“, а ние со нашите возила истиот бесплатно ќе го подигнеме. Ова мора да го направиме, пред се’
затоа што сакаме здрава животна средина, но и за нас и за нашите деца“, изјави Ирена Станковска. В.д. директор на ЈКП „Комуналец“- Прилеп.

В.д. директорката потенцираше дека чистењето на дивите депонии ќе се одвива
континуирано, наслба по населба, а не кампањски. Сепак, како што таа напомена,
забележано е дека неколку денови после чистењето, со своето неодговорно
однесување граѓаните повторно создаваат депонии. Станковска апелираше на
поголема свест кај граѓаните, а истовремено упати апел и до комуналната
инспекција и Министерството за внатрешни работи, да обратат поголемо
внимание и да преземат сакнции против несовесните граѓани.

Истовремено, екипи на ЈКП „Комуналец“ се ангажирани на миење на улиците во
градот. Во моментов се мијат главните сообраќајници, а после истото ќе биде
направено и со споредните улици.