Градоначалникот Јованоски ги посети дечињата од дневниот центар „Ѕуница“

По повод новогодишните празници градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски денеска го посети дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“. На вработените и дечињата им ги честиташе празниците и им посака многу љубов, здравје и успех во следната година.

 

Општина Прилеп на дечињата од „Ѕуница“ им обезбеди новогодишни пакетчиња.

 

Јованоски се запозна со условите за работа во центарот, а со стручните лица разговараше и за законските можности за отворање на вакви центри за деца со посебни потреби кои имаат над 26 години. 

 

Центарот што постои 16 години, во моментов го посетуваат 17 дечиња на возраст до 26 години.