Доделени решенија за легализација

Денеска во зелената сала на Општина Прилеп градоначалникот Борче Јовчески ги
додели новите решенија за легализација на бесправно изградени објекти. Оваа
постапка во наредниот период ќе продолжи и понатаму со позасилено темпо и
поголема транспарентност пред граѓаните. Со легализацијата се опфатени
барањата на граѓаните поднесени во 2011 година, како и дел од барањата што се
однесуваат на 2016 и 2018 година од продолжениот рок.