Благојче Стојаноски е новиот директор на домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“

Благојче Стојаноски е новиот вршител на должност директор на домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ од Прилеп. Тој е дипломиран економист и е од редот на вработените во домот за стари лица претходно на работно место Советник за човечки ресурси. Градоначалникот Борче Јовчески во рамките на своите надлежности го назначи Стојаноски кој на оваа функција доаѓа на местото на Мики Крстев.