48-мо издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Започна Фестивалот на кој што повеќе од 300 изведувачи на изворниот мелос од сите краишта на земјава во центарот на Прилеп вечерва и утре на Рудина кај Долнени, ќе ги разлеат гајдата, кавалот, зурлите, тапаните и ќе ги изведуваат изворните песни што се дел од богатото македонско фолклорно наследство.


Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески официјално го отвори Фестивалот. „ Чест ми е што како Општина и оваа година сме поддржувачи на овој значаен фестивал кој што скоро 5 децении го пренесува на новите генерации богатото, национално изворно творештво на Република Македонија.
По иницијатива на светско познатиот гајдаџија Пеце Атанасовски, етномузикологот Живко Фирфов, Илија Лашкоски и други ентузијасти во 1974 година се одржа првиот регионален натпревар во гајда. Денес со гордост кажуваме дека овој Фестивал е единствен во Македонија и на Балканот, преку кој што го негуваме и одржуваме изворниот мелос и богатата фолклорна традиција. Сакам да упатам голема благодарност за целокупната организација до Уметничкиот директор на Фестивалот, секретарот, техничкиот секретар и на сите останати кои што се вклучени. А исто така огромна благодарност и до сите изведувачи кои што ќе настапат на Фестивалот и кои што со своето учество придонесуваат во зачувувањето на нашата препознатлива македонска песна и македонско оро.“ – истакна Јовчески.