13-та седница на Советот на Општина Прилеп

Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа 13-тата седница на чиј дневен ред се најдоа повеќе точки од интерес за граѓаните.

На денешната седница советниците ја усвоија Одлуката за проширување на средствата на Буџетот на ЕЛС Општина Прилеп за 2022 година а по однос на втората точката од дневниот ред, Одлуката за утврдување на цената за паркирање на патнички моторни возила за време на одржување на ПИВО ФЕСТ 2022 која едногласно беше усвоена советниците донесоа  заклучок со кој се предвиува 30 денари од предложената сума од 80 денари да биде наменета за хуманитарни цели и тоа за лекување на деца со здравствени проблеми.

Советниците дадоа зелено светло и на Предлог – Оперативната програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на Општина Прилеп за сезона 2022/2023.

На седницата се усвои тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП Пазари – Прилеп за периодот од 01.01.2022 година до 31.03.2022 година,  Одлука за давање согласност на Статутарна одлука за измена на Статутот на ЈКП Пазари-Прилеп и Решението за разрешување и именување на член во Управниот одбор на ЈКП Пазари Прилеп.

Со мнозинство гласови беа усвоени и Одлуката за давање согласност на Одлуката со која се утврдува цената на баждарење на водомерните инструменти – водомерите преку ЈКП „Водовод и канализација“-Прилеп, Одлуката за давање согласност на Ценовник на услуги за извршување на работи од страна на  ЈКП ,,Водовод и канализација“-Прилеп, за потребите на ЕЛС Општина Прилеп, без примена на одредбите од Закон за јавни набавки и Одлуката за давање согласност на Статутарна одлука за измена на Статутот на ЈКП ,,Водовод и канализација“-Прилеп.

Советот на Општина Прилеп на денешната седница ги усвои и Одлуките за давање на согласнот на Годишниот план за вработување во 2023 година за четири основни и четири средни училишта како и Одлуката за отпис на компјутерска опрема на ООУ „Кочо Рацин“.

На 13-тата седница беа усвоени Одлука за донесување на урбанистички план за село Ореовец, КО Ореовец, Општина Прилеп за плански период 2019-2029 година  и Одлука за донесување на Детален урбанистички план за блок 5.4.9 утврден со Регулациски План за ГУП на град Прилеп за четврт 5, блок 5.4, Општина Прилеп плански период 2022-2027 нацрт план.