Здружението на пчелари „Братство“ потпиша Меморандум за соработка со пчеларското здружение од Варна

По барање на здружението на пчелари „Братство“, денеска во просториите на старата зграда на Општина Прилеп, беше потпишан Меморандум за соработка со пчеларското здружение од Варна, Република Бугарија и прилепското здружение на пчелари „Братство“. Оваа збратимување се случува за прв пат, а пчеларите се договорија на зедничка соработка и дејствување.

„Потпишавме Меморандум за соработка се со цел размена на искуства околу пчеларењето и законските регулативи зошто Бугарија е членка на Европската унија, а ние со нашите регулативи се стремиме да се усогласиме со законите на ЕУ. Од средбата очекуваме да ги зголемиме нашите познавања и искуства, околу цената на медот, субвенциите, нелојалната конкуренција на пазарот…“ кажа Дејан Бошкоски претседател на здружението на пчелари „Братство“.

Гостите од Република Бугарија изразија благодарност за поканата посочувајќи дека потпишувањето на Меморандумот за соработка им се случува за прв пат и очекуваат заедничка соработка.

„Целта на збратимувањето е пчеларите од Прилеп да можат да дојдат во Варна на фестивалот, да се запознаат со начинот на производство на мед кој е многу побрз. Кај нас нештата се многу понапред. Ние работиме сами, немаме субвениции од Државата. Користиме помодерни методи за извлекување на мед, за одгледувањето на пчелите. Така на пример од 40 до 50 килограми мед од еден кош е многу нормално за нашиот медоносен регион“, посочи Атанас Каракашев претседател на Варненска област на пчеларската организација.

Пчеларските здруженија се договорија дека во иднина ќе ги користат бенефитите, размена на информации, меѓусебно запознавање и преземање конкретни чекори за реализирање на активности од заеднички интерес.

Видете и...

Градоначалникот Јованоски на сите православни христијани им го честита празникот Богојавление – Водици

Со желби за многу здравје, љубов и среќа, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на …