Во тек е асфалтирање на улицата „Славеј Планина“

Градоначалникот Илија Јованоски денеска ја посети УЗ „Гоце Делчев“ каде во тек е асфалтирање на улицата „Славеј Планина“ и тампонирање на неколку краци од истата улица.

Градоначалникот Јованоски оствари средба со жителите на оваа урбана заедница кои го запознаа со проблемите со коишто се соочуваат, а воедно изразија благодарност до Локалната самоуправа за брзата рекција во врска со нивниот долгогодишен проблем со улицата на којашто живеат.