В.д. директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ Емил Јанески го демантира спинот на „Канал визија“

„Граѓаните од „Тризла“ нема да бидат исклучувани од водоводната мрежа“, децидно и категорично денеска потврди Емил Јанески, в.д. директор на ЈКП „Водовод и канализација“ на локалната телевизија „Канал визија“. Овој медиум со 19 неплатени сметки за вода, а уредничката на информативната програма и со неплатени сметки и извршни решенија за 11 годишни долгови, како што рече в.д. директорот Јанески ги спинуваа тенденциозно и злонамерно неговите изјави дадени на вчерашната прес конференција, со цел да ја доведат јавноста во заблуда. Јанески којшто на свое барање се обрати да ги демантира спиновите на медиумот, објави и писмен демант во којшто меѓу другото се вели:

Почитувани,

В.д. директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески категорично ги демантира наводите од овој медиум, „ 400 СЕМЕЈСТВА ОД РОМСКАТА НАСЕЛБА ТРИЗЛА ЌЕ БИДАТ ТУЖЕНИ ИЛИ ИСКЛУЧЕНИ ПОРАДИ НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ ЗА ВОДА.“, објавени во телевизија „Канал визија“.

Во ниту еден момент од прес конференцијата што ја држеше директорот Јанески во просториите на ЈКП „Водовод и канализација“ на 25.01.2018г, тој не изјави дека домаќинствата од населбата „Тризла“ ќе бидат исклучувани од водоводната мрежа.

Обидот на телевизијата „Канал визија“ да ги спинува фактите е тенденциозен и злонамерен, со цел да предизвика незадоволство и револт кај граѓаните од населбата „Тризла“.

Доколку ЈКП „Водовод и канализација“ и досега ги исклучуваше корисниците од водоводната мрежа за неплатен долг, сигурно дека и телевизија „Канал визија“ ќе беше на листата исклучени, зашто според нашата евиденција, овој медиум, има околу 20 неплатени сметки.

Тоа уште подобро го знаат новинарките коишто вчера беа присутни на прес конференцијата.

Имено, едната од нив има неплатен долг за вода 11 години, должи десетици илјади денари, но не е исклучена од водоводната мрежа.

Според тоа, почитувани,

Со цел јавноста да биде објективно, точно и вистинито информирана бараме овој демант да биде објавен согласно закон, во целост и во време и со простор адекватен на објавената дезинформација на вашиот медиум.

Директорот Јанески инсистира денеска да биде гостин во централната информативна емисија на „Канал визија“ и во „живо“ да ги изнесе фактите и вистината што ќе го разобличи овој медиумски спин, за да не се доведува дел од јавноста во заблуди.