Утре ќе се одржи општински натпревар по географија

Утре во просториите на ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“  ќе се одржи  општински
натпревар по географија, на којшто ќе учествуваат околу 40 ученици. Повод за
овој настан е годишнината од формирањето на  регионалното географско
здружение „Професор д- р. Митко Панов“.

„За прв пат во регионот на општините: Прилеп, Крушево, Македонски Брод,
Кривогаштани и Долнени минатата година го регистриравме здружението. На
оваа средба ќе бидат присутни професори од Факултетот по Географија при
универзитетот “Свети Кирил и Методиј”  од Скопје,но и други универзитетски
професори и професори од средните и основните училишта во
регионот”,истакна Милан Јаковоски- претседател на новоформираното
здружение и предметен професот во општинското училиште каде што се
одржува натпреварот.

Видете и...

„Вечер посветена на херојот“, сеќавање на животниот пат и револуционерното дело на Кире Гаврилоски-Јане

Во чест на 100 годишнината од раѓањето на народниот херој Кире Гаврилоски-Јане, во градската библиотека …