Среќна Нова 2018 година со најубави желби и хуманитарни пораки

Со богата културно уметничка програма, огномет, топли пијалоци, колачи, вкусна прилепска скара, пици и други специјалитети, прилепчани ја пречекаа Новата 2018 година на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, каде настапија музичарите: Д-фор, Белинда и Шило и двајца ди – џеи.

Со желби на здравје, среќа и бериќет, на полноќ Новата 2018 година на прилепчани им ја честиташе градоначалникот Илија Јованоски.

„Нека Новата 2018 година ви донесе здравје, среќа, бериќет и се најубаво во Новата година, а оваа вечер хуманоста се потврди“, рече градоначалникот Јованоски, во својата новогодишна честитка.

Општина Прилеп оваа година за највеселата новогодишна ноќ подготви еден несекојдневен хуманитарен хепенинг, парите за прославата за Нова година ги пренамени за отворање Центар за деца со церебрална парализа

А токму оваа хуманитарна цел ја препознаа и ја поддржаа многу целни групи: невладините организации, слаткарниците, бурекџилниците, пицериите, прилепскиот еснаф, театарот, центарот за култура „Марко Цепенков“, кафанџиите, цвеќарниците, извидничкиот одред „Феникс“, угостителското училиште од Крушево, спортистите, естрадните уметници, диџеите, Комуналните претпијатија и многу други.

Среќна Нова 2018 година

Видете и...

Градоначалникот Јованоски на сите православни христијани им го честита празникот Богојавление – Водици

Со желби за многу здравје, љубов и среќа, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на …