Средба на претседателот на општинскиот Совет Миле Талевски со заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ

Претседателот на Совет на општина Прилеп, Миле Талевски, денеска се
сретна со Џеф Голдстајн, заменик шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На
средбата беше разговарано за тековните проекти на локалната самоуправа,
како и за долгорочните и краткорочните планови кои Општина Прилеп планира
да ги реализира. Г-нот Голдстајн уште еднаш ги посочи клучните приоритети на
Мисијата на ОБСЕ во нашата држава, а кои се однесуваат на анти-
дискриминацијата, образованието, младите, правичната застапеност, како и
мониторирањето и спроведувањето редовни посети на локалните заедници.

И Талевски и Голдстајн потенцираа дека институциите кои тие ги
претставуваат, и понатаму ќе ги застапуваат интересите на граѓаните и
локалната заедница.

Видете и...

„Вечер посветена на херојот“, сеќавање на животниот пат и револуционерното дело на Кире Гаврилоски-Јане

Во чест на 100 годишнината од раѓањето на народниот херој Кире Гаврилоски-Јане, во градската библиотека …