Средба на градоначалникот Јованоски со граѓанските здруженија на лицата со посебни потреби

По повод претстојните новогодишни празници, градоначалникот Јованоски денеска разговараше со претставници на здружението на телесни инвалиди „Мобилност“, здружението на слепи лица, здружението на глуви и наглуви и здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа.

 

Јованоски, заедно со директорот на Центарот за социјална работа од Прилеп Живко Силјаноски, се запознаа со работата на здруженија и им ги честитаа претстојните празници.

 

На децата пак од членовите на овие здруженија Општина Прилеп им подари новогодишни пакетчиња.