Соопштение за квалитетот на водата

Според последните анализи од Центарот за јавно здравје од Прилеп, на три локации во околните населени места, водата за пиење не е здравствено исправна. Без претходно вриење од 10 минути, не смее да се користи за пиење водата од чешмата среде селото Леништа, на едно место во селото Лагово и на уште едно мерно место во селото Беловодица.