Соопштение до јавноста

Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, ги награди совесните граѓани за правилното постапување со електричниот и електронски отпад во Општина Прилеп, каде беа извлечени 5 наградни купони за учесниците, кои во текот на наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ” оставаа електричен и електронски отпад во Еко магацините на ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје.
Компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје во соработка со Општина Прилеп, во периодот од 04.09 до 31.10.2017 година, го реализираше третиот циклус од наградната игра „Да рециклираме и да се наградуваме”. Извлекувањето на наградите за учесниците од оваа Општина се одржа на 31.10.2017 год. кога станаа познати среќните добитници на наградите кои ги обезбеди ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје, со цел да се награди совесноста на граѓаните за правилно постапување со електричниот и електронски отпад. Извелкувањето на наградените купони, беше организирано во Кино Салата „Мис Стон“ – Центар на Култура „Марко Цепенков“, бул. Гоце Делчев бб, а под надзор на тричлена комисија составена од два члена од Општината и еден член од ЕЛКОЛЕКТ:
Добитни купони се:
– Тостер Хјундај SM 626 сериски број: 001335
– Pionir DVD сериски број: 001048
– Телефон LTE – G Class сериски број: 001343
– Фотоапарат Sony DSC – W800B сериски број: 001034
– LED TV сериски број: 001395
ЕЛКОЛЕКТ доо – Скопје, им честита на среќните добитници од Општина Прилеп и ги поканува да продолжат да го селектираат и остваат е-отпадот во екомагацините на ЕЛКОЛЕКТ ДОО – Скопје.
Наградените добитници, треба да се пријават на телефонскиот број 048/401-709 или во приемното одделение на Општина Прилеп.