Со жрепка ќе се утврди редоследот на групите за светиниколскиот турнир во мал фудбал

Во недела, 10. декември, со почеток во 12.00 часот, во просториите на Општина Прилеп (нова зграда) со жрепка ќе се утврди редоследот на групите и екипите за учество во турнирот во мал фудбал „Свети Никола“.

Турнирот е дел од настаните кои што се одржуваат по повод чествувањата за патрониот празник на Прилеп, „Свети Никола“.

Организатори на турнирот се Општина Прилеп и здружението „Локален спортски сојуз-Прилеп“.

Средствата од турнирот ќе бидат наменети за опремување на новоформиран Центар за деца со церебрална парализа.

Видете и...

Продолжува проектот „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија“

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот на пензиско и инвалидско осигурување …