Првонаграден расказ од Ерика Јованоска – „ХУМАНОСТА-ТЕМЕЛ ВО МЕЃУЧОВЕЧКИТЕ ОДНОСИ“

Животот во еден свет како овој често исполнет со болка, тага, незадоволство и тешкотии нè тера да подразмислиме дали има причина и колку можеме да бидеме добри,хумани, човечни. Но, секогаш ни останува само еден одговор… За миг да заборавиме на себе, да помислиме малку и на другите,зошто само така ќе дознаеме која е потребата дасе биде добар…А, кога човек ќе има моќ да разубави нечиј живот, станува духовно богат, а притоа правејќи ги другите среќни се усреќува и себе си.

Денес не е потребно да помислиме на тоа само во ситуации кога пред нас има некој сиромав, бидејќи знаеме дека и богатите плачат. Денес не мора да слушнеме некојповик за помош или да знаеме дека на некој болен му е потребна операција зошто и најздравиот, често е тажен и потребен му е лек. Денес не мора да бараме ни бездомник зада го згрижиме, зошто знаеме дека и во најголемите убави бели куќи често владее студенило, тага, несреќа…

На секој човек потребна му е помош некогаш материјална, а некогаш морална потпора, убав збор, утеха, поддршка или совет. Ако се свртиме околу нас и погледнеме ќевидиме дека има многу страдалници. Сите имаат некаква потреба:

Насмевка – потребна за сите оние, кои ја немаат никогаш!
Храброст – за душата на оние, кои не знаат да се борат!
Утеха – потребна кога треба да се излезе од мрак!
Надеж – за оние, кои не го гледаат зракот светлина!
Радост – за помалку среќните!
Хуманост – за оние на кои им е потребна помош!

Ако сакам да дарувам утеха ќе го сторам тоа со убав збор. Тој со својата уметност ќе се претвори во чудотворен лек за болниот, ќе ја стопи тагата на несреќниот, ќе гоистера стравот од плашливиот. И како што очајот на едно болно дете е безнадежен, а неговата солза отвора рани по нежното детско лице, топлината на зборот и надежта се мал зрак на светлина и патоказ за излез од безизлезот. Само со убав збор ќе дадам утеха, ќе измамам насмевка и барем за миг ќе измамам радост кај некого.

Но, човечка хуманост е нешто, многу поголемо. Хуманост е кога се дејствува спонтано. Хуманост е кога човек не бира ни луѓе, ни време. Хуманоста е таа која се појавуванеочекувано и владее со ситуацијата и тогаш кога најмалку се очекувa. Таквата човечка димензија ги достигнува небесите. Тоа е човечноста.

Хуманоста е таа, која ги гради односите меѓу сите нас. Впрочем, сите ние живееме заедно, па неопходно е меѓу себе да си помагаме. Иако денес се поретко може да се сретне хуманост во вистинска смисла на зборот, таа сепак е дел од нас. И ако сите капки во океанот ги доживееме како хуманост на секој од нас, и ако тој океан ни изгледа на места валкан, тоа не значи дека целиот океан е нечист. Напротив, како океанот што ќе се разбистри, бидејќи тоа е за него некако природно, така и човекот кој не знаел да биде хуман, тоа може да го научи, зошто тоа е особина која не се добива со раѓање, туку истата се учи. Всушност, многу поблиски до човековата природа се добрите дела, а не злото. Затоа не смееме да веруваме дека живееме во нехумано општество.

Да се направи добро дело на некого, за човештвото можеби е незначително, но за самите нас е многу значајно, зошто не прави подобри, похумани, позадоволни од самите себе. Всушност, ние како единки не ни поседуваме таква моќ со која би направиле големи дела кои ќе остават длабока трага во човештвото воопшто, но како што вели Мајка Тереза ако не можеме да нахраниме сто луѓе, тогаш да нахраниме еден човек – така ќе знаеме дека постоиме, така ќе се чувствуваме живи.

Вчера и помогнав на една баба. И ја зедов торбата да ја поносам додека чекаше да ги одмори рацете од тежина. Денес нахраив неколку птици. Ја тешев мојата другарка додекаплачеше и и влеав надеж дека ќе успее во својата намера, а потоа се потрудив и ја измамив насмевката на нејзиното лице. Утре ќе му дадам дел од мојата топла облека на некој кој му треба да се згрее во овие студени зимски денови, а и ќе се вложам максимално себе си да му помогнам на сите оние другарчиња на кои му е потребна мојата помош.

Она што го направив вчера, денес, и утре ќе следи и во мојата иднина, а таму ќе се трудам уште повеќе со зборови и дела да допринесам, помогнам, усреќам, да бидам сè похумана..

Моето срце ќе се трудам да биде широко како небо, топло како сонце, а од мојата душа да излегува само добрина и хуманост.

Ерика Јованоска IX-1 ОДД.
ООУ “Кире Гаврилоски-Јане”
Ментор-Сузана Николоска