Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Слободна економска зона кај месноста Алинци

 

Кај месноста Алинци на површина од околу 100 хектари ќе се гради Технолошко индустриска развојна зона - ТИРЗ Прилеп.

Целта на овој капитален проект е да се привлечат што поголем број на странски инвеститори што впрочем е приоритет на Владата на Република Македонија која за изградба на инфраструктура одвои неколку милиони евра, што е главен предуслов за вложување на странските инветситори. На 15 декември 2012 година отпочнаа градежните активности околу изградба на инфраструктура во ТИРЗ – Прилеп.