Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Прочистителна станица за отпадни води

 

Проектот опфаќа реконструкција и проширување на 23 km канализациона мрежа.

§ Мерките за проширување вклучуваат: проширување на секундарни линии во местата од градот што не се опфатени со канализациониот систем, проширување на главни колектори, иградба на нови колектори во индустриските зони на градот.

§ Мерките за рехабилитација вклучуваат: замена на хидлаулични главни колектори со димензии помали од предвидените, со поголеми дијаметри согласно барањата, замена и проширување на секундарни линии кои се со помали дијаметри со нови со поголем дијаметар на цевки, растурање на преливи на атмосферска канализација, замена на секундарни линии кои се оштетени или подложни на поплава и затнување, реконструкција на илегални приклучоци на канализациона мрежа и одделување на комбинирани индивидуални приклучоци

Градежните активности се изведуваат на шест локации и тоа :

§ Реконструкција на канализациона мрежа на ул. „ Мице Козар “

§ Делумна замена на главен колектор – ул. „ Савска “ – од мостот со ул. „ Трајко Николоски “ до Ицков Мост

§ Нов главен колектор ул. „ Тризла “

§ Нов главен колектор ул. „ Кеј 19ти Септември “

§ Замена и продолжување на главен колектор ул. „ Кеј 9 ти Септември “

§ Реконструкција на канализациона мрежа  на ул. „ Вера Циривири “

На шесте локации се утврдува точната позиција на инсталациите на терен и нивно обележување. Изведувачот започна со обележување на новопроектираната канализација на погоре посочените локации.