Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Нова стамбена населба „Градина“ - Реализација на ДУП

Населбата „Градина“ се наоѓа во североисточниот дел од градот, на растојание од 2 км од центарот на градот со координати 41.353554 и 21.567881. Преку постоечка сообраќајна мрежа има одлична поврзаност со центарот и останатите делови на градот. Во непосредна близина има основно училиште и детска градинка, а дополнително, во самата населба планирана е изградба на ново основно училиште.

- Вкупна површина 413.830 м2 (41,4 Ха)

- Вкупно парцели: 424

–        Индивидуално домување: 368 парцели со површина од 250м2 до 1000м2

–        Колективно домување: 24 парцели, со максимална висина Приземје+ 9 ката + Поткровје

–        Мали деловни објекти (со дополнителни содржини – сместувачки капацитети, кино сали, галерии, кафетерии и сл.): 7 градежни парцели со површина од 670м2 до 1.300м2, со висина Приземје + 2 ката и Приземје + 3 ката

–        Големи трговски центри (со дополнителни содржини – сместувачки капацитети, кино сали, галерии, кафетерии и сл.): 7 градежни парцели со површини од  1.300м2 до 5.200м2, висина Приземје + 2 ката и Приземје + 3 ката

–        Големи угостителски единици: 2 парцели со површина 1.064 м2 и 1.325м2 со висина Приземје + 2 ката

–        Образование: 1 парцела (за основно училиште)

–        Спорт и рекреација: 2 парцели со вкупна површина од 32.063м2

–        Продадени – 20 парцели, со намена: индивидуално домување

 

- Почетна цена за м- 61 ден/м2