Прилепските советници го усвоија буџетот за 2018 година

На денешната седница Советот на Општина Прилеп го изгласа буџетот за 2018-та година, откако градоначалникот Илија Јованоски го презентираше пред советниците. Буџетот е проектиран на 1.135.906.000 денари.

„Оваа година донесовме развоен буџет во првиод дел, а во вториот дел треба да ги вратиме долговите кон добавувачите, што биле направени досега. Буџетот за наредната година изнесува 1.135.906.000 денари. Од нив основниот буџет на Општината е 427 милиони денари, развоен буџет во кој што предвидовме средства за изградба и реконструкција на улиците во Прилеп и во населените места. За оваа намена се оддвоени 68,5 милиони денари, за ободниот канал во Варош издвоивме 10 милиони денари, 16 милиони денари за реконструкција и изградба на речното корито на градската река. И најважното што сакам да го посочам е дека се издвоени средства во висина од 12 милиони денари за набавка за автобуси на метан, со коишто во иднина ќе се намали потрошувачката на гориво , а ќе се подобри и животната средина“, посочи градоначалникот Јованоски.

Во Буџетот се предвидени и средства за развој на економските зони. Оддвоени се 5 милиони денари за спортски настани, спортски здруженија, спортисти, како и пари за настани од културата.

„Имаме одвоено средства за економските зони, во постапка е индустриската зона кај Сточен пазар каде имаме 11 локации, 5 од нив се во постапка за плаќање на комуналии, а останатите 6 се за наредната година. Во 2017-та година исплатени се 5 милиони денари за спорт и за наредната се предвидени, исто толку средства. Наредната година ќе инвестираме 28 милиони денари за изградба на стадионот, средства што беа предвидени годинава. Во делот на културата оддоивме 9 милиони денари и мислам дека буџетот за 2018 е рамномерно и избалансирано донесен и предвиден“, рече градоначалникот Јованоски.

На оваа шеста седница беше донесена Одлука за усвојување на Програмата за работењето на јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови (ЈП ПУП) во 2018 година.

„Усвоена е и предлог-Одлука за усвојување на Програма за реализација на дејноста на градската  библиотека ,,Борка Талески“. Беше разгледана и усвоена и предлог-Програма за изработка на  урбанистички планови на територијата  на  Општина Прилеп  за 2018 година, предлог-Програма за уредување на  градежно земјиштето на подрачјето на Општина Прилеп  за  2018 година, како и одлуки за утврдување услови за донесување на урбанистичко-планска документација“, соопшти Миле Талески претседател на Советот на Општина Прилеп.

На седницата не беа прифатени согласностите за тримесечните извештаи на комуналните претпријатија, на домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ и на детските градинки ,,Наша иднина’’. Со 16 гласа „за“ беа донесени и предлог одлуките за давање согласност на годишниот план за вработување во 2018 година во Општина Прилеп, за давање согласност за начинот на распределба на средствата во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“ и средните училишта „Орде Чопела“ и СОУ „Ристе Ристески-Ричко“, како и предлог-Решението за именување на членови на Општинскиот Штаб за заштита и спасување.

Координаторот на советничката група од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески на почеток на седницата од говорницата најави дека советниците од оваа советничка група, нема да учествуваат во работата ниту на оваа седница на Советот.

Видете и...

Градоначалникот Јованоски на сите православни христијани им го честита празникот Богојавление – Водици

Со желби за многу здравје, љубов и среќа, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на …