Премиера на „Клетници“

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ вчера вечер, во 19.30 часот, премиерно ја изведе претставата „Клетници“ од Виктор Иго, во режија на Мартин Кочовски.

Автор на драмскиот текст на делото на Виктор Иго „Клетници“ е Горјан Милошевски, Владимир Ѓорѓијоски е драматург, костимите, сценографијата и дизајнот на светлото се на Јулијана Војкова Најман, а музиката во живо ја изведува групата „Фолтин“. Во претставата игра речиси целиот ансамбл на прилепскиот театар, како и повеќе гости.

„Клетници“  е во продукција на центарот за култура „Марко Цепенков“, а дел од новогодишната понуда на градот.

Денес на пладне ќе биде изведена претстава за најмладите „Аладин и волшебната ламба“, а во недела со почеток во 22 часот па се до еден часот по полноќ на плоштадот „Методија Анднов Ченто“, Ве покануваме на новогодишен хуманитарен пречек.

Блага Петреска, групата Д, Фор, Белинда и Шило, избор на музика на двајца диџеи, со водителите Игор Трпчевски и Марија Ташкоска, со топли напитоци, пуканки, колачи, вкусна скара … со ликовите од бајките, со задолжителниот Дедо Мраз, да се дружиме, уживаме, да даруваме и разменуваме пријателства, љубов, да ја делиме среќата, ќе ја има многу повеќе.

Среќна Нова 2018 Година!

Видете и...

Во Прилеп одбележан – Светскиот ден на прегратката

„21 јануари“ е Светскиот ден на прегратката. По тој повод, денеска во просториите на градската …