Локација на општината

Општината Прилеп се наоѓа во централниот дел од јужното подрачје на Република Македонија. Го зафаќа Прилепското поле кое го сочинува северниот дел од најголемата котлина во Македонија – Пелагонија, Тројачката Котлина и подрачјето на градот Прилеп.

Координатите на градот Прилеп се: 41° 21’ 22’’ северна географска широчина и 21° 35’ 7’’ источна географска должина по Гринич.

Преку современ регионален пат Прилеп е поврзан со сите туристички центри и поголеми градови во Република Македонија, посебно со граничниот премин Меџитлија преку Битола кон Република Грција, со Крушево, како и со Преспанско-охридскиот туристички регион.