Електрична мрежа

Градот и населените места се снабдени со електрична енергија. Градот троши околу 95% од вкупната електрична енергија, а остатокот од 5% го трошат населените места.

Низ општина Прилеп поминуваат 110 kV, 35 kV и 10 kV далекуводи.

Снабдувањето на градот и населените места од општина Прилеп се врши со следните главни трафостаници:

  • ТС Прилеп 2 110/35/10 kV со инсталирана снага од 60 MVA.
  • ТС Прилеп 3 110/10 kV со инсталирана снага од 40 MVA.
  • ТС Прилеп 1 35/10 kV со инсталирана снага од 16 MVA.
  • ТС Централна 35/10 KV со инсталирана снага од 20 MVA.

Снабдувањето на градот и населените места со електричната енергија се врши од сите горенаведени трафостаници. Најголем дел од градот се снабдува од т.н. “Централна” трафостаница лоцирана на еден од излезите на градот на патот спрема Крушево. “Централната” трафостаница се снабдува со 35 kV кабловски водови од ТС Прилеп 1. Дистрибуирањето низ градот се врши со 10 kV водови од кои во градот 90% се поставени кабловски додека остатокот од 10% се воздушно поставени мрежи.

Од Трафостаницата Прилеп 1 можат да се снабдуваат со електрична енергија и околните општини: Кривогаштани, Тополчани и Витолиште, додека пак од трафостаницата Прилеп 2 можат да се снабдуваат со електрична енергија Долнени, Крушево и Кривогаштани.