Генерален урбанистички план

Во Декевмри 2015 година од страна на Советот на Општина Прилеп усвоен е  нов Генерален урбанистички план за град Прилеп, за плански период 2013-2023 година.

Oвој битен стратегиски документ дава насоки за правилен развој на градот преку сеопфатен пакет на мерки и стандарди потребни тоа да се постигне а исто така и овозможува поширока визија за правилното планирање на градот во наредниот 10-годишен период. Генералниот урбанистички план исто така ја прикажува пошироката визија за намената на градежното земјиште (приватно и во сопственост на државата), планираната инфраструктура како што е патната мрежа, комуналната инфраструктура (електрика, водовод, канализација и сл.) како и заштита на веќе изграденото културното наследство со вградување на  посебни мерки и методи на заштита и конзервација .

Со новиот Генерален урбанистички план обезбедени се поголеми области за зоните за домување и индустрија, нови локации за изградба на објекти во согласност со потребите на граѓаните и бизнис секторот. За таа намена зафатени се нови 400 Ха.

Планирани површини според ГУП 2013-2023

Вкупна површина на опфат на градот: 1.928,80 Ха
А. Домување

702,50 Ха

Б. Комерцијални и деловни намени

15,92 Ха

В. Јавни институции

30,85 Ха

Г. Производство, индустрија и сервиси

278,18 Ха

Д. Зеленило и рекреација

26,22 Ха

Е. Инфраструктура

11,40 Ха

– Магистрални и собирни улици

82,85 Ха

– Водотеци

10,59 Ха

– Касарни

24,62 Ха

– Неизградено земјиште

733,53 Ха

Генералниот урбанистички план на општина Прилеп, како слика можете да го преземете со клик на линкот ГУП Прилеп.