Градоначалник

Градоначалникот ја претставува и застапува општината. Градоначалникот се избира секоја 4-та година на општи непосредни избори по пат на тајно гласање.

ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ е градоначалник на Општина Прилеп.

ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ е роден на 28 мај 1956 година во Прилеп.

Титула: Примариус доктор специјалист ортопед.

Вештини и знаења поврзани со работата (2006 – до денес)
Шеф на ортопедска амбуланта и кабинет за ехосонографија
(2009) Член на ИСАКОС, меѓународно здружение на артроскопија и спортска медицина
(2008) – Член на Друштвото за наука и уметност Прилеп
(2002 – 2006) Раководител на ортопедско трауматолошко одделение
(2004 – 2007) Подпреседател на МАДОТ
(2003 – 2011) – Подпретседател на МЛД (Македонско лекарско друштво)
(1995 – 1998) Заменик директор на ЈЗУ Медицински центар Прилеп
(1992 – 2001) Претседател на Здружение по општа медицина и стоматологија на Прилеп, Македонски брод и Крушево

– од 2013 до 2017 е координатор на советничката група на СДСМ Прилеп