Одбележани 146 години од раѓањето на Гоце Делчев

По повод од 146 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, денеска делегации од: Општина Прилеп, основното училиште „Гоце Делчев“ и здружението „НЕ-ИМА“ положија свежи цвеќиња пред спомен бистата во дворот на училиштето, оддавајќи му почит на великанот.