Новогодишна забава за првачињата од Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски денеска присуствуваше на приредбата организирана за првачињата од нашиот град, по повод новогодишните празници, која што се одржа во центарот за култура „Марко Цепенков“.

Дечињата приредија пригодна празнична програма, а Дедо Мраз им подели новогодишни пакетчиња кои ги обезбеди локалната самоуправа.

Градоначалникот Јованоски на дечињата, нивните родители и вработените во училиштата им ги честиташе претстојните празници и им посака многу здравје, успех и радост. А, на најмладите им порача во своето слободно време повеќе да спортуваат и да читаат книги, а помалку да ги користат своите компјутери и мобилни телефони.

Јованоски упати и покана до сите граѓани да присуствуваат и заеднички да ја прослават и пречекаат Новата година на 31 декември на плоштадот „Методија Андонов Ченто“.

Видете и...

Градоначалникот Јованоски на сите православни христијани им го честита празникот Богојавление – Водици

Со желби за многу здравје, љубов и среќа, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на …