Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Заврши фестивалот на скарата и пивото „Пиво Фест“

 Уште еден Пиво фестивал за паметење. Сношти заврши петнаесеттото јубилејно издание кое помина во знакот на одличната организација, секогаш вкусната скара, ладното пиво, како и одличната забава каква што доликува за Најголемото случување во годината во Македонија. Во изминатите четири дена посетителите имаа можност да уживаат во различните хитови на популарните ѕвезди и во програмата која ги опфаќа сите генерации. Четвртата вечер кулминираше со настапот на Тајфата и Димитар Андоновски, Џамбо Агушеви оркестар како и балканската мега ѕвезда Северина.
„Јас му се заблагодарувам на градоначалникот и на организаторите што повторно ме поканија да настапам на Пиво фест тоа значи дека љубовта е заемна, вечерва ќе има добра забава и многу пиво“, кажа Северина.
Градоначалникот Марјан Ристески упати голема благодарност до ЦГИ, организаторите и до сите институции и угостители кои дадоа максимален придонес се да биде во ред и за јубилејниот 15-ти фестивал на пивото и скарата.
Сноши на сцената шармантната и сексипилна водителка Марјана, ги најави добитниците на новата наградна игра односно изборот на најдобра селфи фотографија, а наградените Крушевчани имаа можност да се дружат со своите омилени пејачи во бекстејџот и ја добијат маскота мајмун.
Изминатите четири фестивалски дена донесоа многу забава, многу испиено пиво, изедена скара и спомени за вечно паметење. На сцената застанаа многу ѕвезди од земјата и балканот. Фестивалот го оправда мотото „Едноставно најдобри“, под кое се одвиваше оваа година и докажа дека останува број еден најголемо и најмасовно случување во годината во државата.

 

Последни Новости