Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Започна планинскиот ултра маратон „Krali Marko trail“

Синоќа во Прилеп започна 7-миот по ред планински ултра маратон „Krali Marko trail“. Оваа година маратонот е поделен во 5 трки. Најдолгата изнесува 110 км. и е насловена како „Крали Марко ултра треил“. Таа е и најдолгата планинска трка во Македонија. На неа учествуваа 40-тина натпреварувачи од повеќе држави. Другите трки се : „Трескавец треил“ долга 16 км, „Камена баба треил“ долга 31 км, „Козјак треил“ долга 65, а додека трката за најмладите „Маркукуле треил“ е долга 1 км. Годинава на маратонот се пријавени 400 учесници од 22 држави од целиот свет. Стартот на сите трки е од амфитеатарот во населбата Варош.

„Трката „Крали Марко ултра треил“ е прилично тешка и е единствена ваква во Македонија. Таа оди до врвот Трескавец, потоа до врвот Козјак, го посетува Небрегово преку Мукос, натпреварувачите имаат прилично интересна и тешка патека. Учесниците ќе имаат 30 часа време да ја завршат трката. Значи ние ќе бидеме тука до недела до 5 часот наутро за да ги пречекаме и последните учесници кои би пристигнале. Покрај оваа трка ја имаме и трката на 65 км. која стартува во 8 часот наутро, таму има 60-тина натпреварувачи и во 10 часот стартуваат натпреварувачите кои ќе учествуваат на трките со должина од 16 и 31 км. Тие се најмасовните трки каде учествуваат над 300 натпреварувачи“, изјави Игор Јованоски, организатор на настанот.

Ноќната стаза е обележана со рефлектирачки маркациии преку целиот тек, учесниците мора да имаат челна ламба, со резервни батерии,

„Тука сум за прв пат. Со планинско трчање започнав да се занимавам пред 1 година. Замене ова е еден предизвик. Многу ми се доапаѓаат планините. Тука со мојот пријател, тој трча на 65 км. јас на 16 км. Во планинското трчање ме привлекува тоа што сум блиску до природата“, вели Маја Харизанова, учесник од Бугарија.

„Во историјата на македонското планинско трчање ова е најдолга трка, вистински предизвик за сите. Јас сум редовен учесник на ваквите трки колку што можам, лани истрчав 90 км. па очекувам дека и оваа година ќе биде успешна со 110 км. Организациијата е прекрасна, стазата е одлилчна секоја година е се подобро и подобро“, истакна Здравко Дејанов, учесник на манифестацијата.

„Јас 4 пати сум присутен на овој настан, сега ја трчам стазата која што е долга 31 км. Таа и не е толку брза мои години и ми одговара. Но тука пред се сме за друштвото. Кај планината ми привлекува тоа што никогаш неможеш да се измориш, нема кругови, секогаш е разлиично и прииродата ти дава сила“, кажа Никола Исајловски, учесник на манифестацијата.

 

За најмладите пак се одржа најкратката трка „Маркукуле треил“ долга околу 1 км. која водеше до манастирот Св. Архангел Михаил.
 

Последни Новости