Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Започна чествувањето на празникот 11-ти Октомври

Со импресивен огномет, импровизиран напад и посета на историската поставка од НОБ изложена во Участакот, Прилеп градот херој и првоборец и годинава во предвечерието на големиот национален празник 11 – ти Октомври го започна чествувањето на празникот. Градоначалникот Марјан Ристески во својот говор по повод празникот, посочи дека, народ без своја историја нема ниту своја иднина и токму затоа никој не смее да се осмели да го погази делото на предците кои го положиле својот живот за независноста на оваа земја. Општина Прилеп и тој како градоначалник, заедно со сите прилепчани, со нивните идеи ќе допринесат за брзиот развој на градот и во иднина.
Настанот беше збогатен со ликовна изложба, а на сцената на камената бина присутните имаа можност да уживаат во изведбата на солистите од детскиот хор „Мали ангели“, прекрасниот концерт на етно групата Синтезис и настапот на ДЈ Мето.
Прилеп утре ќе им оддаде почит на жртвите на фашизмот, на борците на Могилата на непобедените и Алејата на народните херои во Паркот на револуцијата. Делегации на борци, локалната самоуправа, политички партии и граѓани ќе положат свежо цвеќе и пред спомениците на Методија Андонов Ченто и Кузман Јосифоски – Питу. Празникот ќе продолжи во текот на целиот ден со изложба на рачни изработки „Килимијада“, „Car Show“ на кое пред публиката ќе бидат изложени над 300 возила од цела Македонија и фестивал на медот.

 

Последни Новости