Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Во Прилеп се одржаа „Ревијалните училишни смотри“

Вечерва во Прилеп, во домот за култура „Марко Цепенков“ се одржаа „Ревијалните смотри“ на основните училишта. Претходно секое училиште имаше свои вакви манифестации од кои беа одбрани најдобрите учесници, а на вечерашниот настан секое од 7-те основни училишта беше претставено со по 2 точки.

„Традиционално во месец мај секоја година, по завршувањето на училишните смотри, локалната самоуправа во соработка со основните училишта во градот ги организира Ревијалните смотри. Самите училишта си ги одбраа точките со кои ќе настапат пред публиката. Ќе имаме по 2 точки од секое училиште, значи 14 точки. Ова е само уште еден доказ дека локалната самоуправа покрај тоа што вложува во училишната инфраструктура за подобрување на условите за работа, таа заедно со учиштата се организатори и на голем број културни настани. Тука сакам да искажам и голема благодарност за трудот на наставниците и учениците за да ние имаме една ваква богата и интересна културна програма“, изјави Марјан Матракоски, советник за образование во Општина Прилеп.

Точките ќе ги оценува жири комисија формирана од професори од средните училишта, а како и секоја година за најдобрите 3 места се обезбедени награди. Собраните средства од влезниците ќе бидат донирани за лекување во странство на еден ученик од ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп.
 

Последни Новости