Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Во недела ќе се утврдува редоследот на групите и екипите за светиниколскиот турнир

 Со жрепка, која ќе се одржи во недела со почеток во 12 часот, во големата сала на Општина Припеп ќе се утврди редоследот на групите и екипите за учество во турнирот во мал фудбал „Свети Никола“. Турнирот е дел од настаните кои што се одржуваат по повод чествувањата за патрониот празник на Прилеп.

„Досега се пријавени околу 30 екипи од сите категории, пионери, сениори и ветерани. Ги покануваме сите пријавени да присуствуваат во недела во Општина Прилеп каде ќе се утврди редоследот на групите и екипите. Крајниот рок за пријавување е 9 декември, а наградниот фонд ќе изнесува 330.000 денари. Годинава собраните средства од овој хуманитарен турнир ќе бидат наменети за опремување на Центар за децата заболени од церебрална парализа“, изјави Гоце Макалоски, претседател на „Локален спортски сојуз – Прилеп“

Кај пионерите се застапени генерациите од 2004, 2005, 2006 и 2007 година. Тие ќе плаќаат котизација од 1.500 денари што значи помалку 500 денари во однос на минатата година. Кај ветераните старосната граница е над 40 години. Тие лани плаќаа 5.000 денари за котизација, а годинава по 3.000 денари. За сениорите има два датума за пријавување. Краен рок е 9 декември. Екипите што ќе се пријават до 5 декември плаќаат 5.000 денари, а екипите што ќе се пријават до 9 декември ќе платат 7.000 денари.

Турнирот ќе се одржува како и секоја година во спортската сала до Тутунскиот комбинат..

Последни Новости