Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Со голем број свечености беше одбележан празникот 11-ти Октомври

Во присуство на Претседателот на РМ г-дин Ѓорѓе Иванов, пратениците во собранието на РМ, Владина делагација предводена од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, АРМ, Генералштаб, Сојуз на борци, ОБСЕ, претставници од амбасади, политички партии, голем број на зрдуженија и секако домаќините градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески и Советот на општина Прилеп, денеска положија буќети свежо цвеќе пред спомениците на: Методија Андонов – Ченто, Кузман Јосифоски – Питу и Могилата на непобедените.
„Сплотеност и единство за да остане оваа парче земја и да мислиме за иднината и за нашите поколенија“, посочи Круме Соколоски претседател на Сојуз на борци на град Прилеп.
Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека ова е голем датум за Прилеп и за РМ, гордост е да се биде Прилепчанец токму на овој ден зошто животите кои се дадени ни оставаат аманет на сегашните и идни поколенија, генерации, да ја сакаме и почитуваме историјата, традицијата и културата на македонскиот народ.
Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во изјавата за новинарите посочи дека:
„Задоволство е да се биде денес на Могилата на непобедените заради нивната борба пред многу години денеска Македонија е независна и суверена држава“.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески посочи дека денеска одаваме голема почит на сите оние кои го дале животот за нашата слобода, нека е за многу години денешниот празник.
Празникот продолжи во текот на целиот ден со низа спортски активности, изложба на рачни изработки „Килимијада“, „Car Show“ на кое пред публиката беа изложени над 300 возила од цела Македонија како и Фестивалот на медот.

 

Последни Новости