Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Се празнува „Рождество на Пресвета Богородица“

 По повод големиот христијански празник „Рождество на Пресвета Богородица“ или Мала Богородица, претставници на општина Прилеп, традиционално како и секоја година така и оваа го посетија населеното место Штавица.
Мештаните, ја почитуваат долгогодишната традиција и со сите верски обреди го одбележаа овој голем христијански празник.
Општина Прилеп користејќи ја оваа пригода на сите православни граѓани им го честита светиот ден „Рождество на Пресвета Богородица“ посакувајќи им благосостојба и добро здравје.

 

Последни Новости