Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

„Остварувањето и заштитата на авторското право и сродните права, со осврт и на дигиталниот сегмент“

 Во продолжение на Светскиот ден на книгата, Друштвото за наука и уметност организираше предавање на тема: „Остварувањето и заштитата на авторското право и сродните права со осврт и на дигиталниот сегмент“ во просториите на градската библиотека „Борка Талески“. Свој воведен збор имаше Доц. Д-р. Силвана Пашовска која посочи:

„Друштвото за наука и уметност, битните датуми ги одбележа со пригодни настани и трибини, организираше предавања, тркалезни маси и денешниот настан доаѓа како продолжување на Светскиот ден на книгата. Оваа тема е насочена кон авторските права и нивна заштита“, посочи Силвана Пашовска.

Според Слободан Беличански, дипл. правник кој на трибината се јави како предавач, посочи дека почитувањето на авторското право и сродните права треба да бидат составен дел од нашето живеење и сознанијата за нив да бидат неизоставен дел од нашата општа култура.

Професорката Рамона Маркоска зборуваше за појаснувањето на начинот како реалните и човечките права се поврзани со дигиталните и што значи дигитално авторско право во современото живеење.

Организаторите истакнаа дека оваа е многу интересна тема за обработка, а токму „Друштвото за наука и уметност“ сака да обработува теми од научен аспект, да се даде придонес на истите и соодветна едукација.

Последни Новости