Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Најдобра прва фестивалска вечер во досегашната традиција на Пиво фестот

 Спектакуларниот почеток на 15-тото јубилејно издание на Фестивалот на пивото – Прилеп 2017, уште еднаш ги подигна повисоко стандардите на овој реномиран настан потврдувајќи ја беспрекорната организација и одличниот избор на атрактивни артисти. Фестивалот го отвори „Aj Kjу“, забавата потоа продолжи со култната група „Психомодо Поп“ и „Амадеус бенд“.
„Многу сме возбудени, атмосверата беше прекрасна, одлична бина, озвучување, многу пиво и скара и се е супер“, посочија после настапот „Aj Kjу“
Со веење на македонското знаме, пеење на голем број македонски песни, со стари и нови хитови, незаменливите „Амадеус бенд“ ја затворија првата фестивалска вечер.
„Во Прилеп имаме гостувано многу пати, но на Пиво фест сме прв пат. Слушнавме дека ова е одличен фестивал и ветуваме многу добра журка и многу пиво“, кажа „Амадеус Бенд“.
Градоначалникот Марјан Ристески на денешната прес конференција, не го криеше своето задоволство за првата фестивалска вечер.
„Имавме прекрасна вечер, се надевам дека сите се забавуваа, една прекрасна атмосвера, многу позитивна енергија и оваа втора вечер продолжува забавата со големите музички имиња како што се: Don Minott & Conquering Lion, Нокаут и Ален Исламовиќ, кој денеска е присутен со нас“.
„Мило ми е што сум денеска овде. Вечерва ќе ги свириме сите оние најубави песни што ги имам пеано, се разбира зедно со Вас. Се радувам многу на овој фестивал затоа што сум за прв пат овде“, посочи Ален Исламовиќ.
Шармантната и сексипилна водителка Марјана, ја најави новата наградна игра односно изборот на најдобра селфи фотографија, а наградените ќе имаат можност да се дружат со своите омилени пејачи во бекстејџот и да добијат една голема маскота мајмун. Заинтересираните треба да ги испраќаат своите фотографии во inbox на facebook страницата Pivofestival.mk.
Се очекува втората вечер од овој фестивал да донесе уште поголемо присуство на гости, а потврдата за тоа се многуте млади кампери кои веќе се стационирани и ги уживаат сите бенефити на бесплатното кампинг сместување на Могилата.

 

Последни Новости