Општина Прилеп
Општина Прилеп
  • Општина Прилеп Feeds
  • Општина Прилеп Youtube канал
  • Facebook Општина Прилеп

Концертот „Амбасада на мајсторството“ во изведба на руски музичари вечерва во Прилеп

Вечерва со почеток во 19.00 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи концертот „Амбасада на мајсторството“ на кој ќе настапат врвните руски млади музичари Алексеј Мелников на пијано и Владимир Устјанцeв на саксофон. Концертот се реализира преку Министерството за култура на Р.Македонија, Амбасадата на Руската федерација во Македонија и Санктпетербуршкиот дом на музиката. По овој повод руските музичари денеска остварија и средба со градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

„Многу ми се допаѓа тука, публиката одлично не прими, го посетивме и музичкото училиште во Прилеп каде дел од учениците изведоа неколку музички точки“, истакна Алексеј Мелников, руски музичар.

„Сакам да истакнам дека Македонија многу ми се доапаѓа, сакам да се заблагодарам на организаторите кои се наши домаќини. Посебно сакам да се заблагодарам на Сергеј Лугин за тоа што овозможи да дојдеме тука, како и на „Амбасадата на мајсторството“, рече Владимир Устјанцeв, руски музичар.

Градоначалникот Ристески ги покани сите прилепчани вечерва да присуствуваат на овој прекрасен концерт.

„Ги поканувам сите наши сограѓани да го посетат вечерашниот концерт на уметниците кои доаѓаат од Русија. Ваквите манифестации пред се многу значат за Прилеп, за презентација на различните култури и традиции, а Прилеп отсекогаш важел за еден од културните центри во Македонија“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
 

Последни Новости